Хаос на Богородица: За влез во Грција се чека три часа

Поради технички проблеми на грчката страна од границата, за влез кај нашиот јужен сосед се чека по три часа. Нашите читатели информираат дека не функционира системот за проверка на патните исправи, поради што стотици граѓани од цела Европа останаа заглавени на „ничија земја“. Тие се принудени да чекаат во своите возила по спарно и жешко време.