Хан ја поздрави ратификацијата на договорот

Еврокомесарот за проширување преку Твитер ја поздрави ратификацијата на Договорот за спорот со името.

– Ја поздравувам ратификацијата од страна на Собранието. Ова е првиот чекор од многу други кон целосна имплементација. Верувам дека сите политички лидери ќе покажат лидерство и храброст за следните чекори, напиша Хан.