Функционерите на Алијансата за Албанците офицјално депонираа оставки во Владата

Функционерите на Алијансата за Албанците денеска и официјално депонираа оставки во Владата.

– Три заменици-министри и државниот секретар во Министерството за правда денеска поднесоа оставки во владиниата архива, а се очекува де се повлечат од своите функции и уште осум директори, што значи вкупно 12 или 13 функционери кои ќе поднесат оставка од водечки позиции, рече Елми Азири од Алијансата за Албанците за телевизијата Алсат-м.

Оставки поднесоа замениците-министри за надворешни работи, за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Арта Точи, Ремзи Мемеди и Елми Азири, како и државниот секретар во Министерството за правда Зулфи Адили, три дена откако претседателот на партијата Зијадин Села ги повика на ваков чекор.