Фрчат оставки во ДИК

Уште неколку членови на Државната изборна комисија поднеле барања за престанок на функцијата, откако на таков потег се реши и претседателот на Комисијата Александар Чичаковски.

Дел од медиумите јавуваат дека оставки веќе поднеле и Игор Милев и Виолета Дума, кои влегоа во ДИК на предлог на СДСМ.

Оставките доаѓаат како чин на одговорност за скандалот што го обелодени американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли – за високите бонуси што си ги поделиле членовите на ДИК за спроведувањето на неодамнешните локални избори.