(ФОТО) Снег во Македонија: Вее на Маврово, Стража и Попова Шапка

Слаб снег попладнево провејува во Маврово, на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот, информираат од јавното претпријатие „Македонија пат“. Оттаму апелираат на внимателно возење и приспособување на брзината кон условите на патот.

Како што може да се забележи од фотографиите објавени на фејсбук-страницата „We Have Snow“, на Попова Шапка веќе е формирана поголема снежна покривка.

Додека од камерите на Маврово се гледа дека снежната покривка таму е нешто помала.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на денот и во Скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка.

Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.