(Фото) „Северна“ стигна на јужната граница

Таблите со новото име на државата пристигнаа на границата со Грција кај Гевгелија. На преминот „Богородица“ веќе е поставена таблата со Република Северна Македонија.

Откако Грција го ратификува протоколот за НАТО, земјава и официјално ќе се именува како Република Северна Македонија, а Владата веќе почна со подготовки за целосна промена на таблите на институциите и патиштата.
Фото: Борис Грданоски