(ФОТО) На Стража натрупа снег: Задолжително носење зимска опрема за сите возила

Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража, се воведува задолжителна употреба на зимска опрема за сите сите моторни возила, соопштија од ЈП „Македонија пат“.

Попладнево провејуваше слаб снег во Маврово, на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка и не се задржуваше на коловозот, но во попладневните часови временските се променија и снегот, како што може да се забележи од фотографиите, се задржува на патот, при што отежнато е нормалното одвивање на сообраќајот.