(ФОТО) Македонското знаме на Канцеларијата за врски во Атина на половина копје

По прогласената тридневна национална жалост, сите знамиња во Грција се веат на половина копје.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, и македонското знаме на Канцеларијата за врски на Република Македонија е спуштено на половина, во знак на жалост за жртвите во катастрофалниот пожар што во понеделникот го зафати источниот дел на областа Атика.

Според последните официјални податоци, животот го загубија 82 лица, а непознат е бројот на исчезнати.

Во пожарите нема загинати или повредени македонски државјани.