(Фото) Има ли договор со Беса?

Позитивни информации стигаат од страните што преговараат за постигнување двотретинско мнозинство за уставните измени. Извори од владеајачкото мнозинство брифираат дека се е готово и оти имаат барем 80 пратеници кои ќе гласаат за уставните измени. Според нив, најдено е заедничко решение со Беса на Билал Касами.

Клучниот проблем со Беса беше во несогласувањето со Беса околу државјанството, кое наводно, е разрешено во доцните вечерни часови. Извори од владата брифираат дека и без нив (можно е еден од двајцата пратеници на Беса да гласа за, а другиот против), обезбедено е двотретинско мнозинство за поддршка на договорот од Преспа. (Г.А.)