(Фото) Докторираше и Бујар Османи

Вицепремиерот Бујар Османи вчера ја одбрани докторската дисертација на тема рак на дебело црево.

„Ви благодарам за честа! Овој ден е круна на мојата повеќегодишна напорна работа. Науката претставува соочување со предизвици!“, напиша Османи на неговата Фејсбук страница.

На одбраната на докторатот присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерот за здравство, Венко Филипче, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и други политичари.