Фототрепортерите се смирија со владината прес служба

Со заедничка фотографија на социјалните мрежи, фоторепортерите и дел од владините претставници соопштија дека паднало договор и ги испеглале разликите по вчерашниот конфликт кој ги преплави со коментари социјалните мрежи.

Посебниот советник за односи за односи со јавноста во кабинетот на премиерот, Марјан Забрчанец и владиниот портпарол Миле Бошњаковски и дел од фоторепортерите ја објавија заедничката фотографија со коментари „Дијалогот носи успеси“ и „Локацијата е вратена“.

Пред денешната лидерска средба фоторепортерите имааа посебен брифинг со претставниците на владата на која им било кажано дека ќе им биде овозможено да го фотографираат доаѓањето на лидерите како и порано.

Вчера во знак на револт фоторепортерите ги оставија своите фотоапарати на земја бидејќи биле спречени да ги фотографираат лидерите како пристигнуваат во Клубот на пратениците, со објаснување дека се работи за безбедносни причини.

Најголем гнев во јавноста предизвика коментарот на Забрчанец, „Единаесет години ве газеа, ќутевте, а сега ли најдовте да зборите“.