(ФОТО/ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската седница

На денешната собраниска седница за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Грција пратениците со 69 гласа ЗА изгласаа Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Грција да се гласа по скратена постапка. Четириесет пратеници беа против, меѓу нив и пратеникот Ферид Мухиќ.

Предлогот го образложи министерот за надворешни работи Никола Димитров кој рече дека ратификацијата во македонското Собрание треба да се случи пред Европскиот совет кој на крајот на месецот ќе одлучува дали Македонија ќе добие датум за преговори. Во текот на неговиот говор пратениците до ВМРО ДПМНЕ од своите места извикуваа „предавник“.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев рече дека Договорот е едностран што значи дека македонската страна прифатила ултиматум.

По гласањето за да се усвои скратената постапка за донесување на предлог законот, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ почнаа и да удираат со рацете по собранискитге маси и да извикуваат „Предавници“, „Ја продадовте државата“ и слично.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата.