Филип Петровски повикува на блокада на Парламентот

Филип Петровски од фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието побара граѓаните да ги блокираат сите влезови и да не дозволат пратениците да влезат на утрешната седница, на која треба да почне расправата за договорот со Грција за решавање на спорот со името.

„Нека влезат со хеликоптери на утрешната седница. Ги повикувам пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сите да си дадат неотповиклива оставка“, рече Петровски, нарекувајќи ги пратениците од мнозинството предавници.

Тој претходно побара од Заев, Димитров и Шекеринска да се повлече договорот.