Ученици од Делчево се затруле со храна

Четири ученици од ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево и еден возрасна жена, вработена во училиштето, се затруле со храна откако јаделе гиро во сендвичарница блиску до училиштето. Првите симптоми се појавиле кај учениците околу 12 часот. Поради тешката здравствена состојба тие се транспортирани во Клиничката болница во Штип.

-Околу 12 часот, деца почнале да повраќаат во ходникот. Била известена Епидемиолошка служба и дошла медицинска екипа. Сите деца рекле дека јаделе гиро од седнвичарница која е блуску до училиштето. Децата потоа се транспортирани во Клиничката болница во Штип.

Станува збор за четири деца ученици во деветолетката и тоа: две на возраст од 13 години, едно 12 и едно 11-годишно дете, како и 42 годишна вработена во училиштето.

Д-р Надица Ефтимова, спец. епидемиолог од Епидемиолошката служба во Делчево истакна дека до нив е пријавен случај на труење со храна и дека тие ги преземат сите потребни мерки. Известен е санитарнот инспектор и во тек е земање мостри од храната и од објектот, каде се подготвувала храната.