Утре ќе се избира нов ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски останува во партиското раководство?

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, според наши информации, треба да заседава утре навечер за да го избере новиот состав на Извршниот комитет на партијата, на предлог на новиот лидер Христијан Мицкоски.
Според нашите информации, се очекува во ИК, како најтесно раководство на опозициската партија, да влезе и поранешниот лидер Никола Груевски. И привремениот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, најверојатно, ќе биде избран за член на ИК, како и Спиро Ристовски, кој го организираше вонредниот конгрес во Валандово.
За дел од најблиските соработници на Груевски, во изминатите години,како што се очекува, најверојатно ќе нема место во партиското раководство. Тоа особено се однесува на дел од групацијата која го прогласи за нелегитимен неодамнешниот конгрес, откако претходно претходно бараше негово одложување.
Мицкоски треба да предложи и нов генерален секретар на партијата – функција што тој ја извршуваше во изминатите месеци, како најблизок соработник на Груевски.