Утре ден на жалост во Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната вонредна седница, по ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, едногласно донесе одлука утрешниот ден да биде прогласеен за ден на жалост на територијата на општината.

Согласно одлуката, за утре се откажуават сите закажани манифестации од културно-забавен карактер.

Комеморативната седница за Стојаноски ќе се одржи утре во 10 часот, во Големата општинска сала, а погребот е во 14 часот на Градските гробишта во Охрид.

Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски почина вчера изутрина, во возила на службата за итна медицинска помош, на пат кон Центарот за кадриоваскуларни болести.

Стојаноски (48) беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг од локалните избори.