Утревечер лидерска средба за референдумот

Лидерска средба за подготовка на референдумот и за деблокада на процедурите што треба да му претходат најави за утревечер премиерот Зоран Заев.

На денешната прес конферецијата со еврокомесарот Јоханес Хан, Заев најави дека денеска почнуваат консултациите за свикување нова лидерска средба за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот.

– Сите треба да останеме посветени на овој момент, да помогнеме на овој процес, како што укажа еврокомесарот, пред сѐ за доброто на граѓаните на Македонија, но и на нашите партнери во ЕУ, и затоа најверојатно утревечер ќе свикаме лидерска средба за да ги забрзаме процесите околу подготовките за престојниот референдум.

Шефот на опозицијата, Христијан Мицкоски, како што објасни Заев, во четврток требало да патува, па затоа лидерската средба ќе се договара за утревечер.