Уживам да пеам – велеше Оливер Драгојевиќ
Најпрво тивко ќе заплачеше , а потоа ќе седнеше на својот клавир и ќе ја кренеше главата – вака Оливер Драгоевиќ зборуваше за тешката болест
Легендарниот пејач Оливер Драгоевиќ почина утрово во 5 часот во болницата во Сплит на 71-годишна возраст, тој ја изгуби борбата со ракот.
Иако тој храбро се бореше се до последниот момент и позитивните мисли беа со него до последниот момент, за жал не издржа.
– Добро сум, можам да кажам дека не се чуствувам како болен. Да не морам да одам на хемотерапија, ќе помислам дека немам ниту една тегоба. Нормално лекови пијам и се како што ми е препишано. Кога не одам на хемотерапија, многу сакам да одам во викендицата во Велој Луци каде обожавам да свирам и пеам. Тоа единственото кое ме исполнува овие денови. Страшно е тоа кога болеста ќе го нападне човекот, но ако се борите, воглавно ќе ја добиете битката. Верувам дека ќе ја добијам. Велат музиката е лек, затоа постојано свирам и на тој начин се лекувам, зборуваше неодамна пејачот Оливер Драгоевиќ.
Кога на 7. декември минатата година наполни 70 години, во тој период имаше закажан концерт кој мораше да го откаже бидејќи здраствената состојба му се влоши.
– Ма дајте, тоа се само глупости. На луѓето ако не им се јавиш некое време, веднаш те отпишуваат и мислат дека повеќе не си меѓу живите. Го сакам животот, а на такви приказни секогаш гледав со насмевка. Во тоа време кога не им се јавував на луѓето го барав својот мир, а тоа единствено можам да го најдам во викендицата. Ако некои ме отпишаа, се излажаа, посилен сум како никогаш досега, зборуваше Оливер.