Уапсен пратеникот на „Златна зора“ кој повика на воен удар

Пратеникот на грчката ултрадесничарска партија „Златна Зора“, Константинос Барбарусис бил уапсен утрово во Атина, во домот на негови пријатели, јавуваат грчките медиуми.

Пратеникот е приведен од страна на антитерористичките полициски сили.

Десничарот беше во бегство од петокот, по поднесувањето на обвинението за велепредавство од страна на обвинителството.

Барбарусис, говорејќи од парламентот, за време на дебата за изгласување недоверба на грчката влада, пред три дена, ја повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос, по што неговата партија беше отстранета од расправата.