Уапсени се и пратеникот Крсто Муковски, актерот Владо Јовановски, Ќосето од Велес…

И неколку други лица се уапсени утрово заедно со Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, дознава Независен весник.

Сите во моментов се на распит во полициска станица и се чека да бидат спроведени во Кривичниот суд. Според неофицијалните информации, меѓу приведените се актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратениците Крсто Муковски и Жаклина Пешевска, други поранешни функционери од претходната власт и граѓани.

Сите приведени утрово се поврзани со насилството во Собранието од 27 април, кога беа тепани пратеници и новинари. Некои од нив наводно учествувале во овозможувањето на толпата да влезе во Собранието, а други во насилството што внатре се случуваше.

Од МВР засега не потврдуваат колкумина вкупно се приведени и за кои лица станува збор.