Тројна задна камера на новиот „Самсунг галакси А7“


Најновиот мобилен уред на Самсунг, Галакси А7 ја има најмоќната задна камера и во октомври пристигнува и кај нас. Се карактеризира со елегантен дизајн, а ќе биде достапен во четири бои, црна, сина, розева и златна.

– Самсунг е посветен на овозможување значајни иновации за сите корисници – дел од Галакси семејството, без разлика кои се и каде се наоѓаат ширум светот. Со радост ви ги претставуваме новите иновативни карактеристики на А серијата преку новиот Галакси А7 – практичен, но моќен уред создаден да ви помогне вашето секојдневие да стане извонредно – изјави ДЈ Кох, претседател и генерален директор на дивизијата за ИТ и мобилни комуникации во „Самсунг Електроникс“.

Тројната камера на овој уред поседува три објективи. Ултра Широк објектив од 8 MP, со агол од 120 степени. Со иста ширина на видното поле како човековото око, Галакси А7 го доловува светот исто онака како што корисникот го гледа креирајќи фотографии со широк агол и без ограничување. Со објективот од 24MP и објективот за длабочина на фотографија, функцијата „Live Focus“ на новиот Галакси А7 дозволува контрола на длабочината на видното поле преку прилагодување на „бокех“ ефектот. Објективот од 24MP автоматски пропушта повеќе светлина преку комбинирање на четири пиксели во еден во услови на ниска осветленост. Затоа, креираните фотографии се совршено бистри и при силна светлина и во услови на ниска осветленост.

Со помош на интелигентната функција на Самсунг и оптимизаторот на сцени, камерата на Галакси А7 го категоризира субјектот и ги прилагодува бојата, контрастот и светлината за инстантно да го оптимизира квалитетот на фотографијата.
Предната камера од 24MP и прилагодливиот ЛЕД блиц овозможуваат креирање светли, јасни „селфи“ фотографии во било кој период од денот. Преку функцијата „Selfie Focus“ може да се креираат „селфи“ фотографии со „бокех“ ефект, а преку „Pro Lighting“ функцијата може да се креираат фотографии со осветленост на ниво на професионално фото-студио. Покрај тоа, фотографиите може да се персонализираат со користење на АР емоџи (AR emoji) и филтри.

Уредот има препознатлив, „бесконечен“ Супер АМОЛЕД екран со големина од 6.0 инчи. „Галакси А7“ исто така поддржува „Dolby Atmos®“ технологија за репродукција на звукот. Со врвен дизајн на стаклото, страничен сензор за отпечатоци кој е едноставен за користење и беспрекорни заоблувања, „Галакси А7“ е практичен уред кој е удобен за користење.