Три деца со дијабет хоспитализирани на Клиниката за детски болести 

Tри дечиња со  дијабетес, на три, девет и 14-годишна возраст  се хоспитализирани се на ЈЗУ Клиника за детски болести во периодот од 17 до 24 јули. Првиот пациент е примен на 17 јули и станува збор за дете на возраст од три години, кое е упатено од матичен педијатар по направени првични анализи кои укажувале на дијабет. Детето е примено велат Клиниката на Одделот за ендокринологија, направени  иследувањата и согласно протоколите, дадена е терапија, а неколку дена детето е пратено дома.

– Вториот пациент примен 19 јули, е деветгодишно дете пратено од Општата болница во Гевгелија. Детето било со симтоми на дехидратација и првично било стабилизарано во болницата во Гевгелија, но по влошување на состојбата е пратено на дополнителни иследувања на Клиниката за детски болести. По неколкудневен третман состојбата на детето е подобрена. Пациентот се уште се наоѓа на Одделот за Ендокринологија и е во добра општа состојба, се наведува во соопштението од Клиниката за детски болести.

Третиот пациент на 14-годишна возраст, како што информираат од Клиниката, е примен вчера.

– Тој со возило на Брза помош е транспортиран од болницата во Охрид во тешка состојба. Веќе биле изготвени првични анализи кои укажувале на дијабет. По приемот на Клиниката детето поради возраста (14 години) е упатено на КАРИЛ каде по приемот е интубирано и поставено на апарат за механичка вентилација. Лекарите од оваа Клиника заедно со педијатрите од Одделот за Ендокринологија работат на стабилизација на состојбата на детето. Во моментов се прави се што е утврдено согласно протоколите за работа, се наведува во соопштението.

Во него се посочува дека ова не е првпат на Клиниката за Детски болести да се примаат пациенти со дијабет кои се во тешка состојба.

– На Одделот за Ендокринологија постојано се лекуваат пациенти со оваа дијагноза и се откриваат нови случаи. Токму поради тоа што се работи за сериозно заболување кое може да даде тешка клиничка слика, Здружението на педијатри од септември планира да спроведе низа обуки и едукации кај матичните лекари за навремено препознавање на раните симптоми на болсета и првичен третман, се подвлекуваат соопштението од Клиниката за детски болести.