Три дена новогодишен хепенинг „Размрдај го ГТЦ“ во Скопје

Во четврток, петок и сабота ќе се одржи хепенинг под наслов “Размрдај го ГТЦ”, на кој ќе настапат некои од нашите најголеми музички уметници, како и млади бендови и диџеи. Посебен дел во секој од овие денови ќе биде посветен и на најмладите, за кои е подготвена специјална детска програма, со задолжителните дедомразовци и многу други изненадувања. — Периодот од 12 години во кои речиси и ништо да не се случуваше во Градскиот Трговски Центар, конечно ќе заврши, а новогодинешните празници и еуфоријата која со себе ја носи овој период од годината, е идеален за почеток на креирање на новиот дух на ГТЦ, вели во соопштението, новото раководство.
Настанот ќе се одржи на две сцени (по една на двата главни влеза). На влезот од кај плоштадот Македонија ќе биде главната бина , додека на влезот од кај Соравија ќе биде поставена диџеј сцената.