Трајковски тврди дека бил во Будимпешта на преглед

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба Александар Трајковски кој беше снимен на фотографија со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпшешта, на денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ во кој е еден од обвинетите, рече дека бил во Унгарија поради специјалистички преглед за синусите и дишните патишта.

Трајковски во Будимпешта заминал по второ мислење за неговата болест, за што приложил и медицинска документација.

Александар Трајковски е вработен во Царинската управа, од каде соопштија дека во времето кога беше објавена фотографијата тој бил на боледување. Од Царината најавија дека е поведена постапка за утврдување дали боледувањето му е оправдано и оти ако се утврдат злоупотреби ќе бидат преземни соодветни мерки.

Фотографијата од Груевски на која е и Трајковски беше снимена и објавена од дописник на „Гардијан“ од Будимпешта и е прв фото запис од поранешниот премиер по бегството во Унгарија.