Трајковски без коментар за фотографијата со Груевски во Будимпешта

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба Александар Трајковски денеска одби да ја коментира фотографијата снимена во Будимпешта на која тој е во придружба на поранешниот премиер Никола Грувески кој избега и доби азил во Унгарија.

Трајковки денеска дојде во Кривичниот суд на рочиште за предметот „Насилство во Центар“ во кој е еден од обвинетите, но не сакаше да одговора на новинарски прашања.

Александар Трајковски е вработен во Царинската управа, од каде соопштија дека во времето кога беше објавена фотографијата тој бил на боледување. Од Царината најавија дека е поведена постапка за утвдување дали боледувањето му е оправдано и оти ако се утврдат злоупотреби ќе бидат преземни соодветни мерки.

Фотографијата од Груевски на која е и Трајковски беше снимена и објавена од дописник на „Гардијан“ од Будимпешта и е прв фото запис од поранешниот премиер по бегството во Унгарија.