Трамп сакал Иванка да се омажи за Том Брејди, но вели – „го добив Џаред Кушнер“


Доналд Трамп се пошегувал – „неколку пати“ – дека неговата ќерка Иванка Трамп можела да се омажи за прочуениот квотербек на рагби тимот „Патриотс“, Том Брејди, изјавиле сведоци за „Њујорк тајмс“. „Наместо него“, изјавил наводно претседателот, „ја го добив Џаред Кушнер“ за зет.

Овие изјави на Трамп се повеќе желба поради комплицираните односи со Кушнер. Претседателот им рекол на соработниците дека „Џаред не е толку добар за мене“, објави „Тајмс“ во саботата.

Можеше ли Иванка да се омажи за Брејди?

Првата сопруга на претседателот, Ивана Трамп, во нејзината книга тврди дека Трамп сакала Иванка да излегува со фудбалската ѕвезда.

Но, поранешниот директор за комуникации во Белата куќа, Ентони Скарамучи, пред неколку месеци изјави дека тие двајца можеби излегувале.

Сопругата на Брејди, Жизел Бундшен, не е фан на Трамп, а Брејди ги избегна прашањата за неговата претходна поддршка на Трамп од изборите наваму.