Тетово утрово е најзагаден град во државата

Воздухот во Скопје, Битола и Тетово и утрово е загаден, иако концентрациите на ПМ10 чекстичките се пониски од оние во текот на ноќта.

Мерните станици утрово измерија концентрации на ПМ10 честичките од 120 микрограми во Тетово, 165 во Битола, Центар 140, Карпош 135, Гази Баба 96, Лисиче со највисока загаденост утрово 185, додека во ректорат 166 микрограми.

Според измерените ПМ10 честички, синоќа околу 22 часот загаденоста била на највисоко ниво.

Во текот на ноќта најзагадено било во Скопје со измерени 145 микорграми во Лисиче, Тетово 288, Центар 384, Карпош 271, Битола 275, Куманово 264, Гази Баба 273 и кај Ректорат 219 микрограми на метар кубен.

Кога воздухот има загадување неколкукратно поголемо од нормалното, како во моментов, не се препорачуваат поголги прошетки на отворено, особено за мали деца, стари лица и бремени жени.