Теодосиевски и Барџиева Трајковска ќе бидат соработници, но не и советници на Адеми

Од Министертвото за култура велат дека Златко Теодосиевски и Донка Барџиева Трајковска остануваат нивни соработници како дел од повеќе работни групи кои се активни и работат на прашања во одредени области на културата. Но, нивниот ангажман со почетокот на оваа година им се прекинува само во делот на нивната советодавна функција, како советници на министерот, велат од министерството за култура за Независен весник.

„Министерството за култура цврсто стои на заложбите за остварување на реформските процеси кои ги најави како и на усвоената Стратегија за култура 2018-2022 година, и ги продолжува сите започнати реформски процеси по Акциониот план на овој стратешки документ. Во таа смисла, Министерството посветено, со непрекинато темпо продолжува на работата на Законот за јавниот интерес во остварување на културата и на новиот Закон за заштита на културното наследство“, дополнуваат од Кабиентот на министерот за култура Асаф Адеми.

Ивана Настеска