Телеграма со сочувство од премиерот Заев за смртта на Оливер Драгојевиќ

Премиерот Зоран Заев до граѓаните на Хрватска упати телеграма со сочувство за смртта на легендарниот музички уметник Оливер Драгојевиќ.

Изразувајќи сочувство до Владата во Хрватска, Хрватската амбасада во Македонија и обожавателите ширум регионот и светот, Заев во телеграмата наведува дека загубата на Оливер Драгојевиќ е заедничка, но оти неговите музички дела се вечни

– Загубата е голема и заедничка. Низа генерации растеа и живеа со песните на великанот на хрватската музика, кој со својата големина ги освои срцата на милиони луѓе од поранешните југословенски простори, но и на Балканот и во светот. Оливер Драгојевиќ физички веќе не е меѓу нас, но безвременската музика и емоциите коишто му ги подаде на светот, е тоа што го направи обожуваниот музичар вечен, исто како и неговото дело. Нека почива во мир познатиот хрватски, регионален и светски музичар, Оливер Драгојевиќ, напиша Заев во телеграмата упатена до амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ.