СЈО ја презема истрагата за МПМ

Специјалното јавно обвинителство ќе ја води истрагата и ќе испитува евентуални злоупотреби на функциите на тогашните први луѓе на МПМ, управителот Срѓан Ќерим и директорката Јана Станисављева, јави ТВ 24.

Основното јавно обвинителство вчера добило известување дека СЈО ја презема истрагата која потекнува од една од бомбите.
Се истражуваат и сомнежите за злоупотреба на функциите на тогашните први луѓе Срѓан Ќерим и Јана Станисавлева, велат извори од обвинителството.

„Добивме допис од СЈО дека воспоставуваат надлежност. Во текот на предистрагата која ја водевме овде упативме известување до СЈО дека се прават проверки за евентуален економски криминал, по поднесена кривична пријава од ССНМ“, велат од Обвинителството.

Според првичните информации се обвинителството ги проверувале финансиските исплати во време кога весниците згаснуваа поради наводна финансиска криза, а сомнежите се проверувале преку одделението за компјутерски криминал во МВР.

Истражители на минатата година СЈО влегоа во просториите на МПМ, чиј сопственик до пред истрагата беше Графички центар Скопје (ГЦС), кој беше во сопственост на Орка Холдинг на Орце Камчев.

Медиа принт Македонија сега е во стечајна постапка. Недвижниот имот се продава по пат на јавно наддавање. Првата електронска аукција е завршена и распродадени се возила, земјиште и фотоапарати. Наскоро се очекува и втората аукција. Стотина вработени кои тогаш останаа на улица очекуваат во октомври да им стигнат и платите и опремнини за повеќе месеци.