СЈО отвори случај „Лидери“

Новата истрага на Специјалното јавно обвинителство „Лидери“ се однесува на бесправно изградени објекти кои биле договорени помеѓу двајца лидери на политички партии. Нема потврда дали се мисли на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Никола Груевски и Али Ахмети, поранешни коалициски партнери.

За бесправно градење е осомничен инвеститорот на објектот, изграден спроти Американската амбасада во Скопје. Објектот е граден во периодот од ноември 2011 година до февруари 2013 година, со површина од 1000 квадратни метри.