СЈО за „Независен“: Не му е вратен пасошот на Мијалков

Од Специјалното јавно обвинителство ја демантираат веста објавена во дел од медиумите дека судот му го вратил пасошот на Сашо Мијалков. Ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање е обвинет во неколку случаи на СЈО, при што патната исправа му беше одземена како мерка за претпазливост од евентуално бегство. Од Специјалното обвинителство велат дека не добиле барање од судот да се произнесат околу евентуалното враќање на пасошот.

Мијалков вчера беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ поради „силна соработка со Зоран Заев, како и организирање на група за притисоци, уцени и поткуп на пратеници од опозицијата со цел да гласаат за уставните измени. Од ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат дека Мијалков ја договорил својата слобода во замена за гласови за договорот со Грција.