СЈО влезе и во фирми на други лица

Од Специјалното јавно обвинителство ги потврдуваат информациите дека влегле во повеќе фирми на бизнисменот Орце Камчев. Од ова обвинителство велат исто така дека е влезено и во фирми на други лица, но нема информации дали станува збор за фирми поврзани со бизнисите на Камчев.

СЈО, како што објавивме, врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба. Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР.

На 29 август 2016 година, Камчев дојде на распит во СЈО, но Обвинителството тогаш не кажа во кое својство и за кој случај е повикан.