СЈО влегува во тимот за реформа на прислушувањето

Претставници на Специјалното јавно обвинителство ќе се вклучат во работната група за реформи на следењето на комуникациите, со цел примена на препораките на европскиот експертски тим на Рајнхард Прибе. Оваа новина е усвоена на вечерашната владина седница, со што се дополнува одлуката за формирање работна група за примената на планот за спроведување на препораките.

Како што соопштија од Владата, оваа одлука е донесена откако е увидена потребата во работната група да бидат вклучени и претставници од СЈО, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и експерти од земјата и странство, кои ќе се повикуваат по потреба.

Претходно, Владата формираше работна група за имплементација на Извештајот и препораките од Прибе, во врска со масовното прислушување што беше откриено во 2015 година, од каде и се наметна потребала за формирање специјално обвинитество. За претседател на оваа група е именуван поранешниот министер за внатрешни работи Сиљан Аврамовски. работи. Во тимот за реформи се вклучени триесетина лица, во најголем број од МВР, како и претставници на министерствата за одбрана, правда и за финансии, пратеници, претставници на обвинителствата, судовите и на други надлежни институции, како и народниот правобранител и еден универзитетски професор: Гордан Калајџиев.