СЈО бара Мијалков да си оди дома

Специјалното јавно обвинителство даде позитивно мислење за укинувањето на мерката притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

СЈО бара притворот да се замени со куќен притвор, а мислењето е испратено денеска попладне во Скопскиот кривичен суд. Судија на претходна постапка, треба да донесе одлука да му го укине притворот на Мијалков и ќе му биде определена мерка куќен притвор.