Суровоста на бандите: Во Мексико шестмина обесени на надвозници

Полицијата вчера објави дека пронашла шест тела како висат од надвозници во североисточниот дел од државата. Државниот обвинител изјави дека биле пронајдени тела на шест мажи и дека во моментот се очекуваат резултатите од аутопсијата. Покрај телата на двајца мажи, биле пронајдени и пораки чија содржина не била објавена, а се верува дека убиените се поврзани со локалните банди.