Судот одлучи – 30 дена притвор за Орце Камчев

Доцна вечерва судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор на бизнисменот Орце Камчев кој е првоосомничен во новата истрага на СЈО, „Империја“. Притвор им е одреден и на останатите четири лица кои заедно со Камчев беа изведени пред судија на претходна постапка, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Цветан Панделески и на Тодор Мирчевски.

Во новата истрага на СЈО кривично се гонат вкупно 13 лица. Сите се сомничат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело направени преку фирмите кои ги поседуваат.