Студентските денови на премиерот Зоран Заев

Премиерот на Македонија, Зоран Заев во интервју за Факултети.мк зборува за неговиот живот додека учел и студирал.

Тој вели дека е на страната на учениците и смета дека кога тој бил ученик, сите биле далеку порастоварени.

„Не може по цел ден децата да бидат на училиште и да имаат огромен број предмети, па сакаме да ни се весели и спокојни“, вели тој.

Заев раскажува каков ученик бил, што го интересирало додека студирал, како си ги остварил соништата. Економскиот факултет во Скопје го студирал со голема желба да научи, а не со мисла „што ќе стане“ во животот. Вели дека секогаш е на страната на учениците и на младите.
– Сакаме да ве мотивираме да учите, да работите и да живеете во Македонија, вели Заев.

Целото интервју може да го прочитате тука.