Стејт департмент ја поздрави одлуката за уставни измени на македонскиот Парламент

САД ја поздравија одлуката на македонскиот Парламент да започне уставни измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа

Според портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт „САД веруваат дека Договорот од Преспа е една историска шанса за зајакнување на стабилноста, безбедноста и благосостојбата на целиот регион“