Средбата заврши, договорот ќе почека

По безмалку четири часа разговори зад затворени врати, заврши средбата меѓу лидерите на четирите најголеми партии, според информациите, без конкретен договор засега. Не се исклучува разговорите што се водеа и денеска во Клубот на пратеници да продолжат и во наредните денови.

Додека се чекаат изјавите на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски, неизвесно е дали денеска воопшто е отворена темаат „референдум“. Затоа, пак, има инфоермации дека во најголем дел разговорите биле насочерни кон изборот на ДИК и законот за финансирање на политичките партии, како само еден од условите што ги поставува опозицијата за деблокада на процесите што треба да му претходат на референдумското изјаснување.

На оваа средба, за разлика од вчерашната, присуствуваа лидерите на СДСМ Зоран Заев,  на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Билал Касами од Беса.

Ахмети изјави по средбата дека постојат  разлики, но тие треба да се надминат во интерес на евроинтеграциите.

– Сите треба да се ангажираме за да имаме успешна завршница за имплементација на договор којшто е постигнат со грчката страна. Бидејќи не се исцрпени сите опции останува наредните денови да продолжат разговорите и очекувам сите да дејствуваат храбро и да не ја пропуштиме оваа историска шанса, изјави  Ахмети.

Касами нагласи дека ќе придонесат преговорите да завршат со договор меѓу партиите за да се фор,ира ДИР и да има успешен и добро органиизран референдум.

– Државата е во многу критична состојба и во многу значајна позиција е сериозно да продолжи во процесот на евроинтеграции. Затоа го поздравуваме овој состанок. Интензивните преговори на политичките чинители се многу важни затоа ќе придонесеме активно овој процес на преговори да заврши со договарање меѓу политичките партии. ДИК да се формира, референдумот да биде успешен во насока на негова организација со цел да се отвори можност сите граѓани слободно да се изјаснат и да ја изразат својата волја се со цел Македонија еднаш засекогаш да стане членка на НАТО и ЕУ, рече Касами.