Средба Мицкоски – Олумчев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари неформална средба со претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев, информираа од опозицијата.

Претседателот Мицкоски ги соопшти ставовите за името на ВМРО-ДПМНЕ и ставовите во однос на актуелните случувања околу капитуланскиот договор на Зоран Заев.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е против таквиот договор со кој се предвидува промена на Уставот со цел промена на уставното име, како и фактот што власта предводена од Зоран Заев воопшто не е подготвена да ги чуе аргументите против носењето на овој договор.

Воедно на средбата беше изразено разбирање за огромната загриженост на граѓаните околу штетниот договор и последиците кој тој ги носи.

На средбата Претседателот Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски мерки и принципи кои се во насока на јасно изразените ставови на партијата во однос на ова прашање.