Србија токми екс-главен разузнавач на БИА за амбасадор во Скопје?

 

Србија– Српските медиуми пишуваат дека Ивица Дачиќ ќе го назначи поранешниот шеф на разузнавачките служби БИА, наследничката на УДБА, Раде Булатовиќ за амбасадор токму во Македонија.

Ексшефот на БИА Раде Булатовиќ во моментов е амбасадор во Украина откако претходно Турција одбила да го прими за амбасадор во Истанбул.

Според српските медиуми Булатовиќ својата дипломатска кариера ја почнал во 1988.. Од 2000 до 2003 бил советник за национална безбедност на српскиот претседател Коштуница.

Од 2004 до 2008 бил директор на Безбедносната – информативна агенција.