Спасовски: Постапивме законски при приведувањето на пратениците

Полицијата постапуваше согласно своите законски овластувања, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовоски, по забелешките од Народниот правобранител дека било повредено правото на пратенички имунитет при приведувањето на пратениците кои се осомничени за настаните од 27 април.

-Полицијата при приведувањето постапуваше врз основа на наредба издадена од Судот. Согласно на тоа, ние постапивме во рамките на нашите законски овластувања“, изјави Спасовски, додавајќи дека правилник не може да дерогира закон бидејќи е понизок правен акт.