Сообраќајот се одвива тековно по претежно суви коловози

Сообраќајот на патишта во државата се одвива тековно по претежно суви коловози додека на планинските места се влажни на некои делови.
Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Стража.
На одредени правци што поминуваат низ клисури можна е појава на поситни одрони.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Дежурните екипи на „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.