Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег во Крива Паланка и Делчево

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по влажни коловози, а слаб снег кој не се задржува на коловозот утринава провејува во Крива Паланка и кон граничниот премин Делчево.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека е нормализиран сообраќајот за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато и Стража.

Надвор од градските средини сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.