Сончево, со температура до 26 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а максималните од 21 до 26 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Во наредните денови следува период на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.