Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Изутрината ќе има услови за провејување на слаб снег во западните и северозападните делови од земјата. Повремено засилен ветер ќе дува на југоистокот.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од три до 10 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и не многу студено време. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови од земјата се очекува од среда кон четврток.