Сончево и потопло, температура до 36 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и значително потопло со слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 25 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје ќе биде сончево и значително потопло со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 34 степени.

Утре кон крајот на денот има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. Дневната температура повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината.