Собранието вторпат рече „да“ за договорот со Грција

Со 69 гласови „за“, еден воздржан од пратеникот Ферид Мухиќ и ниту еден против, Собранието по вторпат го изгласа договорот за името со Грција. Само 27 минути траеше собраниската седница, на која не присуствуваа пратениците од опозицијата. Од „Коалицијата за заедничка Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ,изјавија дека нема да партиципираат во, како што го нарекоа, капитулантскиот договор, го советуваа претседателот Ѓорѓе  Иванов и овој пат да не го потпише Указот и предупредија да не биде ставен во употреба без потпис на претседателот, бидејќи тоа е кривично дело кое на застарува. (Г.А.)