Сложни во неволја: Македонци, Грци и Срби си помагаат по поплавите

Во поплавените подрачја на грчките летувалишта, туристите ги минуваат деновите помагајќи си едни на други. Македонци, Срби и Грци со заеднички сили ги вадат потопените автомобили.

„Во Метаморфозис, луѓето од Србија им помагаат на Грците да ги извлечат возилата од море, а во Никити прв кој пријде да им помогне на луѓето во автомобилите што завршија во море, пред да стигнат полицијата и пожарникарите, беше човек од Македонија“, наведуваат грчките сајтови.

Тие две места, заедно со Ормос Панагија, се најмногу погодени од невремето. Причинета е голема материјална штета, итните служби се на улиците, ги чистат, плажите, продавниците и куќите. Најголем дел од туристите се евакуирани.